sa cover art

作成日:1月 30, 2026

歌詞

Некој сакаше оазата на мирот , да ја претвори во пекол
Државата е нападната , но не е сама
се крена народот , се кренав и јас .

Општа мобилизација – државата гори ,
Македонија те вика, време е да се бориш .
За слобода и чест , за идеали

Пред мене во редот стојат патриоти ,
позади мене гледам само сенки .
Долг е редот , секој од нас се јави на повикот ,
повикот на татковината .

Униформа и знаме – чест и гордост ,
борбен комплет – сила и дух .
Оружје на рамо , во став мирно,
Бие срце јуначко .

Македонија ми е заклетва .

Јас сум резервист , јас сум доброволец
Нека знае душманот , клет и без име
македонски воин , не се крие
стои исправен кога слободата гине .

Во џеб носам слика , од фамилија света,
таа ме грее и во ноќта проклета .
Јуначко срце чука , како тапан на тешкото
за слобода се бори , не се моли .

Јас сум резервист , јас сум доброволец
Кога земјата гори , јас сум прв во ред ,
македонски воин , не го напушта ровот ,
зошто позади него е домот .

Македонски бранители , браќа по оружје
Многу од вас не се вратија дома
Не побараа слава , ни споменици
Под ова небо останаа на вечна стража

Вечна слава и фала на паднатите борци
Вие вашето го сторивте, наше е да не ве заборавиме
сите ваши жртви ќе бидат вечен пламен што гори

Јас сум резервист , јас сум доброволец .
Јас сум Македонски бранител !
Јас сум заборавен од државата моја !

Додека ние бевме на теренот ,
некои броеја бранови на топлите плажи .
На крајот од денот, кога ќе ме прашаат:
„За кого?“ — ист е одговорот: за себе.

Јуначко срце чука , како тапан на тешкото
за слобода се бори , не се моли .
македонски воин , не се крие
стои исправен кога слободата гине .

Јас сум резервист , јас сум доброволец
Кога земјата гори , јас сум прв во ред ,
македонски воин , не го напушта ровот ,
зошто позади него е домот .

Јас сум резервист , јас сум доброволец .
Јас сум Македонски бранител !